четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 122
home Вести

Кои професии во Македонија се најмногу платени?

Кои професии во Македонија се најмногу платени?

Убедливо највисоки просечни плати во Македонија земаат вработените во секторот компјутерско програмирање каде што просечната плата за април изнесувала 60.656 денари, што е прв пат просекот да надмине 1.000 евра.

Втори на листата се вработените во секторот воздухопловен транспорт со просечна плата од 52.058 денари, а на трето место се вработените во секторот поизводство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со плати од 43.368 денари.

На четвртото место е секторот телекомуникации со плата од 42.313 денари, а на петтот секторот финансиско-услужни дејности каде просечната плата изнесувала  41.367 денари.

Коронавирус