петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 196
home Вести

Кои компании ќе добијат најмногу од контроверзниот закон за канабис?

Кои компании ќе добијат најмногу од контроверзниот закон за канабис?

Дали „ќарот“ на семејството Заеви се крие зад злоупотребата на европското знаменце за предлог законот за опојни дроги? Во истиот предвидено е да се дозволи извоз на сувиот цвет од канабис, кој може да се користи како опојна дрога. Во јавноста гласно се поставува прашањето дали постои судир на интереси кај премиерот. Според официјално достапните податоци, во текот на минатата година, Заеви инкасирале 3,3 милиони евра од бизнисот со марихуана, а со новото законско решение заработувачката неколкукратно би пораснала, анализира АЛФА.

Осуда за предлог законот пристигна од Здружението за канабис и зелени политики „Билка“.

-Законот да се сконцентрира на тоа што е и целта на легализација на канабис во медицински цели-обезбедување на легални производи од канабис, концентриран е на извозот на цвет, бидејки очигледно само бизнис ги занима дур умираме и не апсат. И крајно безобразно и со злоупотреба, Законот е поднесен со европско знаменце со злоупотреба на Директива на ЕУ за психотропни супстанци што нема допирна точка со нашиот закон, велат од Билка..

Во јавноста лебди и дилемата чуму потребата законот да се донесе преку ноќ? Експертите велат дека реална потреба од истиот нема.

-Една измена која што кај мене вака навистина побуди голем интерес, тоа е дозволување да се извезува сув цвет од канабис. Не ја гледам потребата волку брзо да се предлага закон и волку брзо да се гледа да се помине законот, изјави доктор Андон Чибишев.

Инаку, голем број непознаници има во јавноста кои се политиките на власта кога е во прашање марихуаната. Имено, власта се обиде и да ја скрие средбата на премиерот Заев со самопрогласениот крал на Марихуаната на Инстаграм, Биг Мајк, за која јавноста немаше никогаш да дознае да не се пофалеше тој на Инстаграм.

Досега во земјава 29 фирми добија одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, од кои клучните играчи на таа листа се роднини и блиски соработници на премиерот Заев.

Коронавирус