среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 116
home Вести

Кои категории работници остануваат дома и по завршувањето на вонредната состојба

Кои категории работници остануваат дома и по завршувањето на вонредната состојба

Ипо завршувањето на вонредната состојба, од работни обврски остануваат ослободени:

Родителите на деца на возраст до 10 години или активно четврто одделение

Хронично болните лица

Бремените жени

Самохраните родители

Родителите на деца со попреченост кои ја користат услугата дневен центар

Лицата кои на работа одат со придружба -потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост

Министерството за здравство информира дека Владата, на вчерашната 65 седница, заклучи дека, и по завршување на вонредната состојба, ќе продолжат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски одредени категории на граѓани, со можност, доколку е тоа остварливо, овие лица да ги извршуваат своите работни обврски од дома.

Најнови вести

Коронавирус