петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 11
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Кого брани ОЈО? Аферата на Царовска за ПИОМ излезе дека е лага

Кого брани ОЈО? Аферата на Царовска за ПИОМ излезе дека е лага

Кого брани Основното јавно обвинителство во скандалот со ПИОМ откако одлучи дека нема место за постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика. Д

Дали Мила Царовски исто како и нејзиниот шеф Зоран Заев ја лажеше македонската јавност? Имено таа во јануари објави дека сторени се неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб, односно дека на 12 илјади осигуреници на ПИОМ, повеќе години не им биле префрлани средствата во вториот столб, со што секој од нив поединечно изгубил околу 400 илјади денари.

Бидејќи со фондот повеќе од 10 години раководат кадрите на ДУИ, целиот случај се претвори во меѓупартиска кавга помеѓу раководството на ДУИ и министерката Царовска.

Вицепремиерот Бујар Османи изјавата на Царовска ја нарече несреќна и шпекулативна и ја отфрли можноста за злоупотреба и побара дополнително објаснување, а воедно и се закани со тужби за сите кои случајот го поврзале со ДУИ.

– Побарав и од министерката и од фондот денес да излезат и да објаснат пред граѓаните, да разјаснат дека тоа е “фејк-њуз“. Најавувам дека сите политичари и медиуми кои го инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, доколку не се извинат, ќе покренеме правна постапка со цел да ја докажеме вистината, потенцираше Османи.

Веднаш после во одбрана на директорите на ДУИ застана и Артан Груби кој рече дека доколку има злоупотреба таа се случила во времето додека министер е Царовска и дека одговорноста најпрво треба да се бара најпрво кај неа, а потоа кај другите.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети за изјавата од Царовска нагласи дека ја гледа како војна против ДУИ, затоа што тоа било техничка грешка, но со изјавата на министерката пред да се утврди грешката политичката штета била направена.

– Излегува министерката без никаква одговорност и вели дека се изгубени 19 милиони евра во Пензискиот фонд и јас оваа порака ја сфаќам како една специјална војна против ДУИ, бидејќи случајно се погодиле директорите да бидат на ДУИ и јас ова го сфаќам како една специјална војна против ДУИ. Нека оди во Обвинителство, тоа се 19 милиони евра, истакна Ахмети.

Од ПИОМ за целиот случај изјавија дека парите не ги префрлале поради тоа што нема одржлив систем за регистрација и водење евиденција за осигурениците и дека парите ги трошеле за тековна исплата на пензиите.

 

Коронавирус