сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 18
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Кога пациентите кои имале коронавирус се сметаат за излекувани?

Кога пациентите кои имале коронавирус се сметаат за излекувани?

За пациентите на домашно лекување важи истиот алгоритам како и за хоспитализираните, односно и тие треба да имаат два негативни теста за да се сметаат за излекувани, нагласи министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, Филипче рече дека овие пациенти се во постојана комуникација со матичните лекари и оти како поминува периодот, согласно нивната здравствена состојба, ќе се прават тестовите.

-За секој пациент без разлика дали се наоѓа во домашни или во болнички услови важи истиот алгоритам да се направат два негативни теста. Значи, истото што важи за хоспитализираните пациенти, важи и за оние на домашно лекување. Согласно достапноста и местото на живеење, ќе се организираат брисевите за да се докаже дали овие пациенти се негативни или се уште се носители на вирусот, појасни Филипче.

За асматичарите апелираше за се што е потребно да се консултираат со матичните лекари, а во однос на тоа дали постои сличност меѓу симптомите на астма и коронавирусот, појасни дека има сериозна разлика меѓу двете болести односно оти за КОВИД 19 карактеристична е фебрилната состојба и сувата кашлица. Сепак, повика на внимателност и да се користи можноста за консултација со матичниот лекар во кое било време. (МИА)

Коронавирус