четврток, 4. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

Кога ќе биде решено прашањето за онлајн обложување?

Пред празниците беше најавена измена во Законот за игри на среќа, но и понатаму нема поместување. Играчите се лишени од најбезбедниот начин за забава, а десетина илјади работни места во оваа индустрија се загрозени.
Кога ќе биде решено прашањето за онлајн обложување?

Премиерот Зоран Заев уште пред празниците изрази уверување дека прашањето за онлајн обложување по пат на лиценцирани спортски обложувалници наскоро ќе се реши со измени во Законот за игри на среќа. Меѓутоа, премиерот не прецизираше за кога е тоа планирано, а и понатаму нема напредок по ова прашање.

Приредувачите од индустријата за игри на среќа испратија барање до Владата да ја продолжи лиценцата се додека не се реши тоа прашање, но наместо тоа, Уредбата од 24 април која овозможи онлајн обложување беше укината! Со тоа на играчите им е одземен најбезбедниот начин на забава, а на компаниите од оваа гранка им е одземена можноста за непречено работење во период на криза.

Уредбата изминатата година помогна на приредувачите во тешка ситуација да ги задржат своите вработени и продолжи да влева средства во државниот буџет кои на годишно ниво изнесуваат околу 280 милиони евра! Што повеќе се пролонгира одлуката за онлајн обложување, толку поголема е опасноста многу работни места да бидат загрозени. А, повеќе од 70.000 луѓе во потполност или делумно зависат од генерирање на личен доход од ланецот на вредности кој го има создадено оваа индустрија.

Уредбата се покажа како одлично решение за одржливост на оваа индустрија, која директно вработува околу 10.000 луѓе и има силен придонес кон државната економија. Исто така, во екот на пандемијата онлајн обложувањето е најсигурна опција за уживање во овој вид на забава, бидејќи играчите немаат физички контакт. Овозможувањето на онлајн обложување оди во прилог на мерките за спречување на ширење на епидемијата и нема причина повторно да се оди чекор назад. Или да стои во место и да не се носат никакви одлуки…

Доколку ништо не се направи по ова прашање, предност повторно се дава на странските сајтови за онлајн обложување на кои играчите повторно масовно ќе заминуваат, што е огромна загуба за државата – помеѓу 40 и 50 милиони евра годишно! Постои реална опасност игрите на среќа сè повеќе да се преселуваат на црниот пазар, што би отворило дополнителни проблеми за економијата и целокупната заедница. Било какво лошо законско решение може да има несогледливи последици по економијата и општеството, а една од нив е и загубата на стотина милиони евра кои би се одливале од државата преку нелегалниот пазар.

НА КОГО МУ ОДГОВАРА ДРЖАВАТА ДА Е ВО ЗАГУБА?

Одредени интересни групи работат и против здравствениот и против економскиот систем на државата, а не обрнуваат внимание на фактот дека се загрозени десетина илјади работни места! На кого му одговара да не се продолжи одлуката за онлајн обложување и државата да е во загуба? Повеќе од очигледно е дека ова им користи само на автомат клубовите и монополистите со ВЛТ апарати. Интересите на лобистите, засега се пред вработените во оваа индустрија кои сега стравуваат за својата работа.

Коронавирус