четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кога го бива, го бива- ем член во РФМ, ем партиски функционер, ем добитник во Фонд за иновации

Кога го бива, го бива- ем член во РФМ, ем партиски функционер, ем добитник во Фонд за иновации

Следуваат локални избори, а власта предводена од СДСМ продолжува да ги наградува своите партиски послушници. Пред околу еден месец Собранието Ракометната федерација на Македонија го конституираше новиот управен одбор. Како што објави порталот 24ракомет, во Управниот Одбор на РФМ нови членови се Билал Суџубаши од Халк Банка, потоа Мирјета Бајрамоска, Александар Стефанов од Фабрика Карпош, Драги Семенпеев од Печатаница Софија, Никола Наумов од Градба Промет. Тука се Кочо Анѓушев, Татјана Стерјева, Павле Ламбро, Гордана Нацева, Дарко Алексов, Ѓорѓе Војновиќ, Оливер Лазаревски, Марјан Герасимов, Георги Тренкоски.

Како што може да се види еден од членовите на Управниот Одбор на РФМ е Драги Семенпеев кој што е и сопственик на печатницата „Софија“ Богданци. Како што велат наши добро упатени избори Семенпеев важи за еден од позначајните финасисери на СДСМ, а и во 2013 година тој бил член на Централниот одбор на СДСМ.

-Сопственикот на печатница „Софија“ важи за еден од главните финасиери на СДСМ години наназад. Вработени со месеци не земаат плата, односно може да се каже дека два пати годината добиваат плата. Главно овде се вработуваат лица кои се послушници на СДСМ, ни раскажа граѓанин.

Само за потсетување пред две години во 2018 година истата оваа печатница доби и грант од Фонф за иновации во вредност од 1.058.541 денари. Грантот се однесуваше на Контрола на квалитет и едукација во процесот.Во 2017 година пак неговиот син Александар Семенпеев со локалните избори станува советник од СДСМ во Советот на општина Богданци.

По сето ова граѓаните го поставуваат прашањето дали со доделувањето на функциите, грантовите на оваа фамилија СДСМ сега им ги враќаат парите кои ги тие користеа како фининасирање на партијата односно вршеат поткуп на граѓаните за време наизборите?

Коронавирус