понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 146
home Вести

„Кога 46 луѓе починуваат поради корона, а премиерот и министерот за здравство возат мотори, тогаш тоа се одлепени убијци на својот народ“

„Кога 46 луѓе починуваат поради корона, а премиерот и министерот за здравство возат мотори, тогаш тоа се одлепени убијци на својот народ“

Денес починаа 46 лица, но тоа не ги засега прво повиканите, Филипче и Заев. Тие наместо грижа за здравјето на граѓаните си возат мотори. Не може тоа никако да се окрактеризира освен како одлепени од реалноста и убијци на сопствениот народ. Нема ниту еден друг случај на премиер на држава и министер за здравство кои во денот кога умираат 46 луѓе тие си возат мотори. Рестораните за нив работат, но за сите останати се затворени, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Нема борба против короната, а народот е препуштен сам на себе. Заев и Филипче се одлепени од реалноста, а нивната неспособност се плаќа со здравјето на граѓаните. Владата треба постојано да носи заклучоци и одлуки, но системот не работи затоа што систем не постои, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ако се вакцинираа луѓето во првите месеци од годинава сега луѓето кои денес починаа ќе беа живи.

– Но тогаш Заев и Филипче бркаа провизии. Вакво дно Македонија нема доживеано до сега. Мафија владее со државата, додаваат од партијата.

Коронавирус