четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 141
home Вести

Коѕијас во Скопје до крајот на февруари или почетокот на март

Коѕијас во Скопје до крајот на февруари или почетокот на март

Шефот на грчката диломатија Никос Коѕијас повторно доаѓа во Скопје, но не неделава, како што најавуваат грчките медиуми, туку до крајот на овој месец или почетокот на март, за МИА информираат од македонското МНР.

Како причина за пролонгирањето на посетата на Скопје се наведуваат згуснатите и веќе претходно договорени агенди на двајцата министри, Никола Димитров  и Никос Коѕијас.

Грчкиот министер за надворешни работи во интервју за ЕРТ најави дека очекува следната посета да ја направи преку преиуменуваниот аеродром во Скопје, што од минатата недела и официјално се нарекува „Меѓународен аеородром Скопје“.

Најнови вести

Коронавирус