понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Коѕијас сака име на словенски без превод, Димитров само сака да се решел спорот за името

Министерот за надворешни работи на Грција во синоќешното интервју за грчката телевизија Алфа, снимено само неколку часа по маратонските преговори во Виена, откри детали за грчките позиции, за нацрт спогодбата, за нашата евро-атлантска перспектива, за медијаторот Нимиц, но и каде се наоѓаме во преговорите.

-Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а не како географска карактеристика, сега треба да се најде географска или територијална одредница. Моја желба е името да биде непреведено, на словенски јазик, таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија, вели Никос Коѕијас, а доколку тој би бил кум на земјата, немало да сака да биде вклучено името Македонија.

Сепак, објаснува дека „за жал веќе 25 години, Грција официјално користи сложено име“.

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, вели дека со Коѕијас, сака да го реши спорот.

Во интервју за бугарската телевизија Нова вели дека тој и неговиот грчки колега Никос Коѕиас сакаат да го решат спорот со името, но дека имаат и разлики околу тоа како треба да се реши проблемот.

– Ние сме многу оптоварени со нашата историја. Ние сме многу горди нации. Сите на Балканот. Важно е да се покаже на остатокот од Европа дека овде на Балканот можеме да се однесуваме европски. Битката е помеѓу силите на иднината и силите од минатото. Сакам мојот народ да биде со исправена глава кога ќе решиме нешто и ќе се ракуваме, истакна Димитров.

Тој потенцира дека во моментот национализмот е слаб во Македонија и дека сегашната влада се обидува да го замени со „визионерски патриотизам“.

– Затоа сме многу благодарни на бугарското претседателство, бидејќи, во тешка ситуација за Европа – заедно со „Брегзит“ и мигрантската криза, бугарското претседателство успеа да го врати Западен Балкан на дневен ред. Многу е важно да го фатиме овој воз. Долго време сме во чекалницата, важно е за нас, исто така е важно за стабилноста во регионот да се качиме на него, вели Димитров.

Коронавирус