понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Коѕијас поднесе оставка!

Коѕијас поднесе оставка!

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас поднесе оставка, еден ден по тензичниот состанок во кој се судри со министерот за одбрана, Панос Каменос поради Договорот од Преспа, објави „Катимерини“.

Извори за грчкиот весник „Катимерини“ тврдат дека Коѕијас бил незадоволен поради тоа што премиерот Алексис Ципрас не го поддржал во нападите против него упатени од Каменос, кој е исто така коалициски партнер.

Според истите извори, за време на состанокот што бил одржан вчера, Каменос го обвинил Коѕијас за лошо менаџирање на одредени тајни фондови во Министерството и дека бил човек на американскиот билионер Џорџ Сорос.

Коронавирус