сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 95
home Вести

Коѕијас и Куцубис разговарале за Македонија, Албанија, Турција и Кипар

Коѕијас и Куцубис разговарале за Македонија, Албанија, Турција и Кипар

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на денешната прва од серијата брифинзи со лидерите на политичките партии го информирал Димитрис Куцубас, лидерот на грчките комунисти за разговорите со властите во Македонија и Албанија, како и за грчко- турските односи и кипарското прашање, соопшти Комунистичката партија на Грција.

„Министерот за надворешни работи го извести генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција за последните случувања, по разговорите на грчката Влада со раководството на ПЈРМ и на Албанија, но и за случувањата што се однесуваат на грчко- турските односи и на кипарското прашање“, соопштуваат од Комунистичката партија, пренесе дописникот на МИА од Атина.

Димитрис Куцубас, пак, го известил Никос Коѕијас за позициите на партијата и изразил загриженост за опасните случувања на Балканот, но и во поширокиот регион.

Коронавирус