петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 150
home Вести

КОД открива скандалозна селекција на кадри за новата Агенција за национална безбедност

КОД открива скандалозна селекција на кадри за новата Агенција за национална безбедност

Нетранспарентност, непотизам, вработување на лица со кривични пријави и лица со основно образование се дел од скандалите кои го пратат процесот на екипирање на новата Агенција за национална безбедност.

Оваа тема беше обработена во синоќешната емисија КОД.

Роднинските вработувања се потенцијален судир на интерес, но тоа не било земено предвид при екипирањето на АНБ. ДКСК писмено во август до членовите на Комисијата за селекција го упатила ова предупредување уште додека траел процесот на селекција на вработени кои од УБК требало да преминат во АНБ, но Комисијата постапила спротивно од тоа.

-Доколку во иста институција се вработат лица од едно семејство имаме состојба на судир на интереси, која што влијае врз непристрасноста при вршење на службената должност на тие вработени лица. Исто така оваа состојба не е во согласност со начелото на интегритет бидејќи може да има влијание од аспект на семејни врски помеѓу тие вработени- рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска за КОД.

Спорен е и самиот Јовче Ременски кој подготвувал оценки и ги проценувале агентите од УБК од позицијата помошник директор во УБК и во новата АНБ. Тој е сопруг на пратеничката Фросина Ременски која во 2017 била член на комисијата за надзор на УБК кај што нејзиниот сопруг е помошник директор.

При изборот на кадрите за новата АНБ не бил почитуван ниту законот. Имено не се спровеле ниту тестот за интегритет, ниту полифрафското тестирање кои биле законска обврска за селекција.

Апсурдот е во тоа што Комисијата која евалуирала кандидати имала 4 члена плус директорот Димовски, при што двајца од членовите кои биле дел од репрезентативните Синдикати морале да поминат тест за интегритет, ама таков тест не бил направен за кандидатите и Комисијата одлучила да ја укине законската обврска.

Еден од оние кои што ја поминале селекцијата за да влезе во новата АНБ бил и началник во еден град во внатрешноста.

Тој прво бил назначен за началник на регионалниот оддел на АНБ, па дури после тоа проверен и одобрен во дополнителните проверки на Комисијата.

Тој имал и кривична пријава за тоа што како припадник на УБК, иако бил должен да пријави, премолчел пукање со пиштол на една семејна веселба.

Целата емисија КОД погледнете ја на следниот линк:

Коронавирус