недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 56
home Вести

Коцевски: Нема место во градинките во Гази Баба, градоначалникот вети а не изгради нови градинки и училишта

Коцевски: Нема место во градинките во Гази Баба, градоначалникот вети а не изгради нови градинки и училишта

Со одлуката на владата на Република Македонија во екот на пандемијата и зголемениот број на заразени од КОВИД 19, истите тие да се вратат на работа се појавија грижите за родителите кои имаат деца под 5 годишна возраст. Имено, тие место безгрижно да одат на работа, не можат да згрижат своите деца затоа што се појавија огромни проблеми со капацитетите во градинките, изјави на денешната прес конференција, Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Инаку, градоначалникот Борис Георгиевски вети дека ќе ги среди овие проблеми и дека сите деца ќе бидат згрижени, меѓутоа неофицијално се поголем број на деца останаа дома да бидат згрижени, наместо тоа да биде во градинките. Таков проблем е со градинката „25 Мај“ во населбата Ченто, истакна тој.

– Втората лага и ветување во предизборието на градоначалникот кој е во заминување Борис Георгиевски беше за основното училиште Крсте Мисирков. Имено, тој вети дека ќе има нов проект и нов објект, а од тоа нема ништо.
И не само што нема нов објект како што можете да видите позади мене, туку нема ни нов проект. Затоа, градоначалникот во заминување Борис Георгиевски и СДСМ никогаш повеќе нема да дојдат на власт во општина Гази Баба. Никогаш повеќе СДСМ. Никогаш повеќе Борис Георгиевски. Имено, ќе дојдат нови луѓе кои што имаат капацитет за да ги решаваат проблемите на своите сограѓани во населбата Ченто и во општина Гази Баба, потенцира Коцевски.

Коронавирус