четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Коце го препороди, Шилегов го уништува, градската власт неспособна да испрска против комарци, контејнерите преполни и дупки по улиците

Коце го препороди, Шилегов го уништува, градската власт неспособна да испрска против комарци, контејнерите преполни и дупки по улиците

Скопјани цело лето страдаат од наезда на комарци, а Шилегов очигледно мува не го лази, низ улиците има повеќе кучиња отколку луѓе, кои секојдневно ги напаѓаат граѓаните, овци кои шетаат по улица Македонија. Сметот не се чисти редовно, но затоа редовна слика по улиците на Скопје се полни контејнери и диви депонии кои никнуваат како печурки после дожд.

За само 10 месеци власт, Шилегов успеа градот да го врати 10 години назад. Граѓаните кои ги прашуваше нашата екипа низ Скопје, велат дека ваква неодговорност и негрижа на еден градоначалник не се памети. Наидовме и на граѓани кои признаваат дека го гласале Шилегов, но како што велат веќе губат надеж во него, за разлика од сега порано со претходниот градоначалник градот беше едно големо градилиште, се градеа нови булевари улици, зелени површини, едноставно се познаваше дека има раздвижување, сега се е замрено, велат тие.

Да се потсетиме на предизборието на СДСМ ќе видиме дека ветуваа здрава  животна средина и голем број нови зелени површини, насадија само стотина дрвја и не направија ниту еден поголем нов парк. И додека нови не прават, постојниот градски парк е неисчистен во вториот дел од паркот.

Дупките по улиците стануваат наше секојдневие,  успорени или стопирани градбите на булеварите, неисчистени канали во урбаниот и руралниот дел и многу други работи кои го нагрдија градот. Граѓаните го гледаат уништувањето на градот и бараат подобри услови како што ветија  во предизборето, а не лажни обвинувања.

Граѓанините кои ги сретнавме не потсетија на периодот додека  Трајановски беше градоначалник, а видеото во продолжение, од изборната кампања  на Трајановски дава вистинска слика што навистина се случуваше со градот во  неговиот мандат.

За разлика од ова видео, кои очигледно ќе остане уште долго  во меморијата на скопјани, за тоа како се градеше во Скопје, најинтензивно во посткомунистичкиот период, Шилегов ќе остане запаметен по видеото од на наводно прскање на комарци, уснимено пред два месеци, а претставено како истото да се случчува сега, лага која откако беше откриена од  медиумите беше причина  за извинување на градските власти.

Град Скопје призна дека е објавено погрешно видео

По написот на Курир дека градските власти со старо видео сакаат да докажат дека утрово се прскало во Скопје, од Град Скопје преку соопштение се извинија за грешката.

„Ја увидовме грешката што ни ја посочија дел од вашите колеги новинари, односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион, а кое што е од почетокот на минатиот месец, односно од второто прскање. Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре, и истото ќе ви го доставиме. Закажаното полетување на авионите е во 05 часот на спортскиот аеродром Стенковец. Ве покануваме да дојдете и да присуствувате на подготовката и нивното полетување“, се наведува во извинувањето од Град Скопје.

Коронавирус