Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во вечерашното гостување во Што не е јасно на ТВ Алфа вели дека целта на новата концепција која што ја нуди Министерството за образование и наука и министерката Мила Царовска за спојување на предметот историја со предметот географија всушност има единствена цел а тоа е да се избрише предметот историја од наставните програми во основното образование.
Единствена цел е да се избрише од наставната програма во основното образование предметот историја. Никој не против пишување на нови учебници по историја и воведување на нови наставни методи и алатки за усвојување на историските содржини, но не само во Македонија.
Меѓутоа да се избрише предметот историја во овој момент и притоа да се заборави местото и улогата на предметот историја во воспитно образовниот процес на младите генерации во Европски и меѓународни рамки и важноста на историската свест на современите генерации за историското минато и за политичката и културна историја на Македонија е навистина непотребно, вели Коцарев.