понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 103
home Вести

Коцарев: Концепцијата која што ја нуди МОН е понижувачка и ќе доведе до целосно обезличување на професијата учител

Коцарев: Концепцијата која што ја нуди МОН е понижувачка и ќе доведе до целосно обезличување на професијата учител

МАНУ треба да даде една критичка анализа на концепцијата за основно образование. Фактот дека тоа треба да се направи до крајот на јануари 2021 година во краток рок, нетранспарентно за време на празници и без вистинска јавна дебата и без вклучување на сите релевантни научни наставни институции во државата кои веќе се изјаснија против оваа концепција, уште еднаш покажува дека односот на политичарите спрема образованието што не е прв пат, не е само несериозен, туку е деструктивен и понижувачки, вели претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во вечерашното интервју во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Коцарев е дециден дека реформите во образованието не смеа да се носат преку ноќ

Како претседател на највисоката научна институција во земјата уверувам дека е погрешно реформите во образованието да се носат преку ноќ. Во една од најсиромашните држави во Европа се предлага концепција која што не постои во ниту една друга држава, вклучувајќи ги и најнапредните образовни земји во светот, смета тој.

Коцарев смета дека оваа концепција која што ја нуди Министерството за образование и наука, со сигурност ќе доведе и до целосно обезличување на професијата учител.

Се предлага концепција која можеби ќе има несогледливи последици врз македонската економија, но сигурно ќе доведе до целосно обезличување на професијата учител, посочи академик Коцарев.

Најнови вести

Коронавирус