недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Коцарев и Котеска се во право, постои план за укинување на “македонските” катедри на Блаже Конески (ДОКУМЕНТИ)

Коцарев и Котеска се во право, постои план за укинување на “македонските” катедри на Блаже Конески (ДОКУМЕНТИ)

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и професорката Јасна Котеска било во право дека на Филолошкиот факултет Блаже Конески постои документ во кој се најавува промена на структурата на предметите со кој ќе исчезнат имињата на двете катедри кои се занимаваат со македонскиот јазик и книжевност.

Во документот до кој дојде expres.mk се предвидува токму тоа што го објавија професорката Јасна Котеска и претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев.

Денеска, во очекување на реакција на деканката Анета Дуческа која го напишала документот го објавуваме датумот на заведување и деловодниот број под кој е заведен документот во кој се предвидува укинување на двете “македонски” катедри на Блаже Конески, пишува порталот.

Откако шефот на МАНУ Коцарев проговори на темава тој стана предмет на силни напади од луѓе, медиуми, невладини организации и активисти блиски до или контролирани од власта.

Со откривање на документот сите што го обвинија Коцарев дека лаже ќе треба да му се извинат.

Коронавирус