сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 46
home Вести

Кобната модуларна болница на Филипче во Тетово, според граѓаните, беше само еднапластична барака со стиропор

Кобната модуларна болница на Филипче во Тетово, според граѓаните, беше само еднапластична барака со стиропор

Со изградба на модуларни болници се доцнеше околу 6 месеци. Имено министерот за здравство, Венко Филипче ветуваше дека модуларните болници ќе бидат изградени до месец август минатата година, но истите не беа изградени тој период, туку започнаа со изградба околу ноември месец 2020-та година во самиот ек на вториот бран од КОВИД-19.

За истите модуларни болници во тој период излезе информација дека компанијата „Брако“ веќе го наплатила поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, и тоа преку посебна сметка за итно справување со КОВИД-19 на Министерството за труд и социјална политика и веќе му се префрлени 3,62 милиони евра.

„Вкупната вредност на двата договори изнесува 287.371.490,00 денари. Како што ѝ е познато на јавноста во градовите Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Скопје – Козле и Дебар веќе се инсталирани и опремени модуларните болници. Додека во Ресен и Тетово инсталацијата е во тек. Досега се исплатени 223.076.984,00 денари“, гласеше одговорот од Министерството за труд и социјална политика во април месец.

Но, уште во тој период проблемите со модуларната болница во Тетово започнаа. Имено уште тогаш Артан Етеми, економскиот директор во тетовската Клиничката болница за порталот Портабл.мк изјави:

„Иако од март побаравме да ни се даде дозвола за пуштање во функција на модуларната болница во Тетово, бидејќи сите наши задачи како Клиничка болница во Тетово ги извршивме, тоа не се случи, техничкиот прием сè уште не е направен, значи давањето клучеви за пуштање во функција на модуларната болница“.

„Во согласност со договорот и обврските од истата, модуларната болница која се наоѓа во дворот на тетовската Клиничка болница, е поставена комплетно подготвена во закажаниот рок, примопредавањето на инвентарот, мебелот и другите беа извршени на 09.03.2021 година, од страна на комисијата каде учествуваа претставници од Министерството за здравство и МТСП“, истакнале од Министерството за здравство.

Но од компанијата „Брако“, која е блиска до власта, за медиуми велат дека тие својата работа си ја имаат завршено и од тука натака не знаат до кој е проблемот.

„Да, ние ја завршивме целата наша работа и има време. Немаме информација зошто сè уште не е ставена во функција“, изјавија од компанијата „Брако“.

Но по катастрофалната несреќа која што се случи во Тетово сега се поставува прашањето дали е модуларните болници се изградени од материјал кој што е по светските стандарди. Според сведоците кои таа вечер спасувале пациенти тврдат дека модуларната болница не била изграде од соодветни материјали дури и немала ПП апарат за гаснење на пожар. „Баравме апарати за да го изгаснеме пожарот, но немаше ниту еден, ниту пак систем за гаснење пожари“, раскажува Ибин еден од спасувачите на пациентите.

-Пожарот започна од собата број 3, се прошири во собата број 2, и после во собата број 1. Немавме можност ништо да направиме. За малку ќе останав и самиот внатре“.

Модуларната болница тој ја опишува како „пластична барака со стиропор“ низ која пожарот се ширел многу брзо.

„Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници – контејнери да бидат составени од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни. Никаде не се бара да се достави атест од произведувач на било кој материјал што е вграден во модуларниве болници. Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за ПП заштита исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за ваков тип на објекти (здравствени установи). Овие објекти спрема правилникот за заштита пожари и експлозии спаѓаат во група на објекти од категорија “Г” и за нив важи дека истите објекти мора да имаат огноотпорност од минимум 2 часа. Во реалноста, болницата во Тетово изгоре за 2 минути. Оттука, зошто во набавката се барале леснозапаливи PUR панели? Зошто не се барало атест за квалитет, зошто немало противпожарна заштита, и зошто она што требало во најлош случај да издржи 2 часа, изгоре за 2 минути? Сето ова ја надминува моралната одговорност. Потребна е објективна истрага, ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки“, напиша денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Коронавирус