четврток, 23. март 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коалиција на Египќани со поддршка за Христијан Мицкоски

Коалиција на Египќани со поддршка за Христијан Мицкоски

НГИ „Коалиција на Египќани“ целосно го поддржува Претседателот на најмоќната политичка сила во Македонија, проф.д-р Христијан Мицкоски, во насока и понатаму да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, како најмоќна политичка сила во државата.

Оваа поддршка, доаѓа како резултат на нашата искрена, пријателска и коректна соработка, заснована на меѓусебна доверба и почитување.

-Нашите гледишта во насока на зацврстување на позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како партија која е отворена и за други етникуми, се да му се даде силна подршка на лидерот Проф.Д-р Христијан Мицкоски, кој навистина вложи силни напори да ја извади партијата од една мегународна изолација, во мошне тежок и специфичен моментум.Г. динот Христијан Мицкоски, има силна желба и симпатии како и разбирање во однос на ЕГИПКАНИТЕ, и подготвен е да помогне на ова ранлива етничка заедница. Секое, повикување за негова оставка, практично е повик за разнебитување, ослабување и поделба на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект, кој ги штити националните интереси на државата Македонија, но истовремено води и интегрирачка и инклузивна политика за помалите заедници. ВМРО-ДПМНЕ е потребна на Македонија, и напоменуваме дека секој повик за оставка на претседателот Мицкоски е нелогичен, некоректен и оди на штета на Македонската нација, нација која е деетнизирана и поврзана со државата Македонија, вели лидерот на НГИ Коалиција на Египќани, дипл.правник Демир Далип.

loading...