четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Клучниот проект на градоначалникот на Ѓорче Петров е зголемување на неговата плата

Клучниот проект на градоначалникот на Ѓорче Петров е зголемување на неговата плата

Интегрален текст од прес-конференцијата на Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски продолжува со расипничкото трошење на парите на граѓаните, а колку повеќе се расфрла толку помалку е заинтересиран за круцијалните проблеми со кои се соочуваа општината.

Клучниот проект на Наумовски во година и половина раководење со општината е зголемување на сопствената плата за 4.100 денари, пари со кои примателите на социјална помош преживуваат во текот на целиот месец. Сега платата на градоначалникот изнесува 65 илјади денари со што тој зема плата речиси три пати поголема од просечната во Република Македонија.

Додека ѓорчевци се гушат поради енормното загадување, кое пред само некој ден достигна 800 микрограми на метар кубен пм 10 честички, што е за 16 пати над дозволеното, Наумовски ужива во локалните кафеани трошејќи ја платата која сам си ја покачи.

Решение за аерозагадувањето нема, иако во предизборната кампања за локалните избори ветуваше експресно надминување на овој најгорлив проблем на граѓаните.

Наумовски заборави и на своите ветувања за изградба на базен и градинка во општината од кои по година и половина се уште нема ни трага ни глас. Пари нема за овие клучни проекти кои тој им ги вети на граѓаните на општина Ѓорче Петров. Но затоа има 1 милион денари за репрезентација, односно за јадење и пиење,  повеќе пари за покачување на сопствената плата и за нови партиски вработувања. Наумовски е срам за општината и време е да си замине.