вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 58
home Вести

Клинички центар е депонија наместо центар за лекување

Клинички центар е депонија наместо центар за лекување

Клинички центар остана проблем кој секојдневно ги мачи луѓето кои што одат таму. Иако министерот за здравство во својата прва прес-конференција вети дека ќе го среди проблемот со ѓубрето и паркирањето, тоа не се случува.

По социјалните мрежи се појавија фотографии како изгледа денеска дворот во Клинички центар. Дворот изгледа како депонија, каде што се фрла секаков вид на отпад дури и медицински.

Додека министерот молчи, граѓаните, а особено пациентите се гушат во отпад и со часови чекаат да влезат или да излезат од Клиничкиот. Сепак сме одалечени светлосни години од ефикасен здравствен систем кој го имаат европските земји.

Не за џабе се наоѓаме на последното место според извештајот за „Најздрава нација во светот“.