недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 57
home Вести

Климовски: Ветото претставува едно од најзначајните средства на влијанието на претседателот во законодавната сфера

Климовски: Ветото претставува едно од најзначајните средства на влијанието на претседателот во законодавната сфера

Во компаративното уставно право, ветото претставува едно од најзначајните средства на влијанието на претседателот во законодавната сфера. Тоа е израз на моќта на претседателот, тоа како што вели Вудру Вилсон „најстрашен прерогатив“ на претседателот, вели професорот по уставно право Саво Климовски во изјава за Алфа телевизија.

Тој објаснува дека ова вето иако никаде не е точно утврдено има суспензивен карактер.

-Се смета дека настапил судир помеѓу два органи кои на ист начин го стекнуваат својот легитимитет, избрани од страна на граѓаните. И во таква ситуација е потребно, причините за судирот, да се дематираат прво во јавноста, се со цел да им се помогне на пратениците. Претседателот Трајковски година и пол не го потпиша указот за прогласување на законот, заврши мандатот на тој пратенички состав и така имаме една ситуација каде што два пати изгласан закон не стапи во сила. Ваквото насилничко донесување на законот, може да практично ни ги поткопа и темелите, на нашето барање да ги прифатиме реформите и да влеземе во Европската унија, вели Климовски.

Коронавирус