сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Климовски: Со Законот за ЈО уште еднаш се прави обид за кршење на Уставот

Климовски: Со Законот за ЈО уште еднаш се прави обид за кршење на Уставот

Професорот по право на правниот факултет од Скопје Александар Климовски, на денешната јавна дискусија во собранието по повод Законот за ЈО, истакна дека со предложениот закон уште еднаш се прави обид за кршење на Уставот.

-Со предложениот Закон за јавно обвинителство уште еднаш се прави обид за кршење на уставот во делот за статусот и принципите на јавно обвинителство, првиот пат беше со СЈО, а сега се прави обид истиот тој правен дефект да се инсталира во овој закон, претворајќи се во репресивна алатка за остварување на политички цели при штодо сега видовме од многубројните афери и скандали до кај се се протегало тоа однесување, вели Климовски.

Тој вели дека дека целокупната материја за организацијата на правосудството се состои од повеќе закони кои меѓусебе треба да бидат во согласност со уставната поставеност на институциите на правораздавањето, а меѓусебе да бидат поврзани и комплементарни и да обезбедат правна сигурност, логичност и функционалност на институциите.

Тој наведе три причини кои ги смета причините за носењето на нов закон за ЈО, со цел за: Прво, да се девалуира ставот на Врховниот суд со кои противзаконските аудио снимки неможат да се користат понатаму, Второ, обвинителите од СЈО да се удомат во јо за организиран криминал и корупција и да продолжат со политички нарачаниот прогонот, и Трето, да се обезбеди pro futuro заштита од прогон на актуелната власт, наброи професорот Климовски.

Климовски истакна исто така дека носењето на законот нема никава врска со евроатлантските перспективи на земјата, ниту е услов за добивање датум за преговори, зошто тоа прашање во некоја иднина ќе се постави со отворањето на Поглавјето за владеењето на правото и реформите во правосудството.

Коронавирус