недела, 27. септември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Клетников со цитат од бугарски следбеник на Гоце: Ќе огрее и над Македонија сонце, но нема да биде бугарско

Клетников со цитат од бугарски следбеник на Гоце: Ќе огрее и над Македонија сонце, но нема да биде бугарско

„Што се однесува за Гоце Делчев, глупо е за тоа да се преговара. Тоа е мојот став. Што не го бараа Бугарите до сега, ако е нивен? Што им текна баш сега да го бараат? А, ако е точно дека нашите преговарачка комисија дошла до некое соломонско решение, што е тотално глупо по мене, дека Гоце бил и Бугарин и Македонец, прават еден вид на кентаур. Тоа е пола коњ, пола човек“, истакна денес во емисијата „Што не е јасно“, Ефтим Клетников од „Македонски Манифест“.

Клетников додаде дека не може историчар да толкува како што сака, тоа веќе не е ниту историја.

„За Гоце Делчев има 300 аргументи дека нема врска со Бугарија. Гоце Делчев јасно вика кој мисли дека Македонија треба да е со Грција, тој е лош Македонец, добар Македонец е тој што е за автономна Македонија. И уште еден податок многу важен, со Гоце одел во четата најголемиот бугарски поет Пејо Јаворов, а тој единствено од Бугарите бил заљубен во македонизмот, кои денешните Бугари сакаат да го ништат. И тој одел во четата на Гоце и водел дневник за Гоце Делчев. И на едно место во тој дневник тој го цитира Гоце каде што вели – „Ќе огрее и над Македонија сонце, но нема да биде бугарско“. Само тоа доволно е да им се каже на Бугарите“, нагласи Клетников.

Коронавирус