недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Вести

Клековски: Денешната одлука на премиерот да ретерира од министерското место, а да раководи со министерството ќе има исто така правни проблеми

Клековски: Денешната одлука на премиерот да ретерира од министерското место, а да раководи со министерството ќе има исто така правни проблеми

Во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија, за последната одлука на Зоран Заев да го раководи министерството за финансии говореше аналитичарот Сашо Клековски, кој рече дека доколку премиерот го раководи министерството за финансии ќе дојде до блокада, бидејќи ќе нема кој да ги потпишува документите.

-Ми се чини дека и денешната одлука да се ретерира од министерското место, а да се раководи со министерството има исто така правни проблеми. Како што бев брифиран денеска од правници, има одлуки во судскиот систем во кои не се признаваат решенија и одлуки кои не се потпишани од министер. Вклучувајќи дури и ако се потпишани од заменик министер, бидејќи во законите децидно стои дека одлука носи министер. Толкувањето на нашите судски инстанци, вклучувајќи го и Уставниот суд, дека единствен важечки потпис на документите е од министерот, во една таква ситуација воопшто не ми е јасно како премиерот планира да раководи со министерството. Мислам дека од еден проблем влегуваме во друг без до крај истражени политичко – правни последици. Овој чин на реконструкција вклучувајќи ги последователните дејности се вклопуваат во стилот на владеењето на оваа влада. Значи ние имавме конечен договор за бесконечност, зборам за Преспанскиот договор, имавме датум без датум, сега имаме реконструкција без реконструкција. Сетете се само на Илинденска Македонија, па по жестоките реакции премиерот се повлече од таа одлука, рече Клековски.