понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ќулавкова: Со самото кажување дека ако некоја заедница е под 20% пописот добива политичка димензија

Ќулавкова: Со самото кажување дека ако некоја заедница е под 20%  пописот добива политичка димензија

Академик Катица Ќулавкова во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за пописот кој е многу актуелна тема каде посочи дека тоа од старт добива политичка димензија зошто во старт се вели дека ако бројот на некоја заедница е под 20% доведува до сомневања кај луѓето и во самата постапка.

-Во врска со пописот би сакала да кажам дека современи држави со овие современи технологии може да се направи со висока доза на точност значи попис на населението како статистичка операција затоа што има компаративни бројки. Јас не сум специјалист за тоа, но тоа веќе постои во Македонија и ние имаме податоци и отприлика знаеме каква е процентуалната застапеност, знаеме дека населението во Македонија затоа што младите се исселеуват што е најстрашниот процес кој се одвива во државата, а што не е приоритет на оваа држава во овие нејзини политики. Бројките можат прецизно да се прикажат со табели и ние можеме да дојдеме до одредени веродостојни податоци. Ние гледаме дека други држави се откажуваат од пописот, ние 20 години не правиме попис и сега од еднаш мора баш во овие моменти. Проблемот кај нас е ако е целта да се знае точен податок ние можеме до него да дојдеме со помош на сите политички партии, но кај нас уште во старт пописот прима политички димензии и етнополитички и се вели дека ако бројот на таа заедница е помал од 20% тогаш се вели дека нема да го признаеме пописот и тоа воведува сомневања кај луѓето и сомневања во таа постапка, рече таа во своето гостување.

ЕУРО 2020

Македонија