четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 123
home Вести

Ќулавкова: Постои опасност од губење на статусот на македонскиот јазик

Ќулавкова: Постои опасност од губење на статусот на македонскиот јазик

Статусот на македонскиот јазик кој беше до скоро сигурен и заштитен и според европската терминологија, според таа парадигма прогласен за државен јазик и национален во таа смисла значи за сите граѓани на Република Македонија на државата, за сите институции сега се нарушува, рече академик Катерина Ќулавкова во нејзиното гостување во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5.

Ќулавкова додаде дека законот за употреба на јазиците не требало да помине во Собранието со европско знаменце, потенцирајќи дека во Македонија постои опасност од губење на статусот на македонскиот јазик на цела територија и наметнување на друг јазик.

Ние немаме опасност од јазична федерализација, ние имаме опасност од губење на статусот на македонскиот јазик на територија на цела територија и наметнување на еден друг јазик, вели Ќулавкова.