четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 29
home Вести

Ќерката на Ченто за пресудата на внукот: Се повторува болната историја на нашето револуционерно семејство

Ќерката на Ченто за пресудата на внукот: Се повторува болната историја на нашето револуционерно семејство
dav

Пресудата од 15 години затвор за Јане Ченто во случајот „27 април“ болно одекна во неговиот роден град, Прилеп, јавува дописничката на ТВ Алфа. Прилепчани со жалање констатираат дека казната е превисока, а во неа препознаваат и политички реваншизам.

Бабата на Јане Ченто, Марија Јакимоска – Ченто, ќерка на првиот претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто, видно вознемирена во краткиот телефонски разговор за Алфа вели дека не е во состојба да дава изјави, а не можела ниту да го гледа изрекувањето на пресудата на Јане, бидејќи, како што рече, болната историја на ова револуционерно семејство, продолжувала да се повторува.

Огорченост, гнев и фрапираност и во МПЗ „Пере Тошев“, чиј претседател е токму Јане Ченто. И оттаму, засега не сакаа јавно да ја коментираат пресудата.