понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 121
home Вести

Ќе внесе ли Апелација трошка светлост врз црниот правосуден систем- политичкиот прогон врз Јанакиески и Божиновски мора да запре

Ќе внесе ли Апелација трошка светлост врз црниот правосуден систем- политичкиот прогон врз Јанакиески и Божиновски мора да запре

Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе се одржат две јавни седници за притворите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.  Двајцата се во притвор по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија. Апелација мора да ги земе во предвид фактите и да се издигне над политичкиот прогон врз Јанакиески и Божиновски, велат од одбраната и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Одбраната на Јанакиески и Божиновски на ваквата мерка поднесе жалби до Апелацискиот суд. Адвокатот на обвинетите Еленко Миланов вели нејасно е зошто би му бил потребен посредник на Јанакиевски со шефот на државата Иванов , кога лично тој двапати учествувал во неговата кампања за претседател, а Божиновски имал висока позиција во Владата за која не му е потребен посредник за средба. Дури и да барале амнестија, недозволиво е тоа да биде поврзано со нивно бегство.

– Прво и основно ако одиме по соопштението од кабинетот на Претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, воопшто ниту имало средба која што била во насока на било каков разговор за амнестија, уште помалку тоа било со некаков си посредник на господинот Миле Јанакиевски или Кирил Божиновски. Ако го следиме тоа соопштение не се спори, што не го спори ниту Миле Јанакиевски дека тој остварил средба со претседателот на државата, но во врска со актуелната политичка ситуација во државата, а не за некаква амнестија. Правно е многу погрешно да воопшто тоа што стои во службената белешка да се бара амнестија, затоа што амнестија дава собранието, не претседателот, тој и не е надлежен да дава амнестија, тој може да даде аболиција. Аболицијата за конкретниот случај „Титаник“ е дадена уште во април, мај 2016 година, што значи тоа е право кое веќе е стекнато и што има сега повторно да бара во таа насока, а дури и да постави ново барање за аболиција, тоа не укажува на бегство, вели Миланов.

Апелација мора да ги земе во предвид фактите

Апелациониот суд утре да ги земе предвид фактите на одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиноски, и да донесе решение во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како „строго доверливо“, рече вчера на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што истакна тој, во апелациониот суд се одлучува дали Република Македонија ќе остане да тоне во мрачното транзициско минато од 90-тите, или судот има сили да се издигне над политичкиот прогон.

„Утре ќе се знае дали Република Македонија воопшто има сили да напредува или ќе потоне подлабоко во црниот систем во кој слобода или притвор се инструменти на црниот систем за политички пазар и криење на неспособноста. Апелационите судии ја имаат пред себе одговорноста да не дозволат судот да биде играчка на неспособниот Зоран Заев и неговиот тим за злоупотреба на државната безбедност, играчка за нивните злодела, за политичкиот терор“, нагласи вчера Стоилковски.

Тој додаде дека апелациониот суд има одговорност со која не само што ќе се дозволи Јанакиески и Божиновски да се бранат од слобода, онака како што и до сега го правеа тоа, туку и ќе се внесе трошка светло во црниот правосуден систем.

„Тој зрак ќе даде надеж дека слободата и правосудството нема повеќе да бидат дел од селективниот политички пазар. Таква одлука на апелационите судии ќе значи и дека власта не смее и ќе мора да одговори за злоупотребите на службите за безбедност“, порача партискиот портпарол.

Одбраната ниту се има произнесено, ниту е запознаена со докaзот

Се бара судот да ги земе предвид фактите на одбраната на Јанакиески и на Божиновски, и да донесе решение „во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како строго доверливо“.

„Прво, во отсуство, без воопшто да се овозможи да се произнесат на нејавни седници се ставени во притвор. Одбраната ниту се има произнесено, ниту сме запознаени со докaзот. Не постоел никаков посредник, ниту се барало амнестија од Иванов“, вели Боро Тасевски, адвокат на Јанакиески и Божиновски.

Јанакиески и Божиноски втора недела се во притвор во истражниот затвор „Скопје“, по барање на СЈО поради наводен план за бегство. Тие притворот го добија како обвинети во случајот „Титаник“, односно за изборните нерегуларности во 2011 и 2013 година.

 

 

Коронавирус