понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Ќе се вратат ли децата од септември во училиште?

Ќе се вратат ли децата од септември во училиште?

Образовниот систем е подготвен за секое сценарио и да обезбеди продолжување на наставата за идната учебна година – дали преку онлајн-настава или во училниците, изјави денеска министерот за образование и наука по посетата на гостиварското село Дебреше каде што се гради нова спортска сала.

Адеми посочи дека во министерството биле направени сите подготовки кои ќе овозможат образовниот процес во сите институции да се одвива непречено и да соочат со сите околности наметнати од кризата.

-За било какво сценарио ние сме подготвени. Формиравме една инклузивна работна група, бидејќи сакаме да имаме инклузивен пристап при креирањето на образовните политики. Во таа група се раководители на национални образовни институции и нашите партнери од меѓународни организации кои ни даваат поддршка. Веќе имаме конкретни упатства што ги добивме од Светска банка и УНИЦЕФ и се однесуваат на државите кои сакаат да повторно да ги отворат образовните институции. Тие препораки ќе бидат испочитувани и доследно спроведени и ќе ги земеме предвид и спецификите на нашиот образовен систем рече министерот Адеми.

Нагласи дека неговите лични очекувања се дека учениците ќе се вратат на училиште од 1 септември. (МИА)

Коронавирус