среда, 31. мај 2023. Вести денес: 49
home Вести

Ќе се утврдува одговорност за случајот во кратовско

Ќе се утврдува одговорност за случајот во кратовско

Овчарот од кратовскo се бори за живот.

5 члена комисија од ЦУК ќе испитува каде и која институција потфрлила во случајот со овчарот од Кратово кој на раце со часови лекарска екипа го носела низ тешко пристапен планински терен. Директорот Стојанче Ангелов отфрла вина од неговата институција, уверува дека оперативецот од ЦУК презел се што е во негова надлежност за да помогне, но безуспешно. И за него е запрепастувачки што никаде не можело да се најде соодветно теренско возило за да се извлече човекот.

„ Според стандардни процедури тој не е обучен да носи одлука дали треба или не хилихоптер, но како ЦУК овде пронаоѓам наша слабост, која во иднина ќе биде таа таканаречена процедура и секогаш ќе кога ќе имаме загрозен живот на било кој граѓанин, ние како ЦУК ќе се погрижиме да пратиме хилихоптер.“ изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК

Случајот предизвика лавина критики на социјалните мрежи, но остри реакции упатија и невладините организации. Од Хелсиншки побараа одговорност од сите институции кои не реагирале во таква животозагражувачка ситуација… Се огласи и претседателот Пендаровски, за кого ова е уште една тажна и поразителна приказна за државата. Вели дека Армијата можела да помогне, но ниту една институција не го побарала тоа.

„Таквото барање не е проследено воопшто до Армијата. Јас се зачудив кога го видов целиот извештај. Тоа е една поразителна и трагична приказна за сите нас како држава. Не сакам да употребувам повторно квалификаци за државата, но, се обратиле до Центарот за управување со кризи, до општинскиот штаб и општината. Армијата многупати го прави тоа бидејќи има на располагање армиски хеликоптери кои да не кажувам во какви не ситуациии и во некои кои се помалку познати на јавноста има помагано, но такво барање не е дојдено воопшто.“ изјави Стево Пендаровски, претседател на држава

Шеесет и три годишниот човек во моментов се наоѓа во болница во Штип во кома, со крварење во мозок.

За случајот се дозна од фејсбук објавата на доктор Павле Зафиров, кој детално го раскажа целото патешествие. Тврди дека сите институции каде што се обратиле „кренале раменици“ па со неговиот тим, биле приморани 5 часа на раце со колци и ќебиња низ екстремно стрмен предел и шума затрупана со снег, преку река и низ угорниции… да го носат пациентот до најблиската болница….