понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Ќе се продолжат ли рестриктивните мерки во државата?!

Ќе се продолжат ли рестриктивните мерки во државата?!

Утре истекуваат рестриктивните мерки кои беа донесени пред две недели и кога се воведе полициски час од 20 до 05 часот наутро, а комисијата денеска треба да пресече дали мерките ќе продолжат и до кога.

Со мерките беа затворени угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и спортските обложувалници, се поради третиот бран на коронавирус кој во државата одекна најсилно досега.

Во однос на бројките викендот, односно во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на КОВИД-19 , додека пријавени се вкупно 24 починати лица.

Коронавирус