четврток, 5. август 2021. Вести денес: 145
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Ќе се повтори ли случајот Ден Дончев, ОЈО отвори предмет за Рашковски по неговото заминување во Мексико

Ќе се повтори ли случајот Ден Дончев, ОЈО отвори предмет за Рашковски по неговото заминување во Мексико

Советникот на премиерот Зоран Заев, Драги Рашковски по аферата „Леонардо“ повторно во фокусот на јавноста. Овој пат со купување на софтвер за потребите на МВР со народни пари, кој никогаш не се употребил.

Симптоматично е тоа што Јавното обвинителство покрена предмет во време кога тој тајно, во сред пандемија заминува на одмор во Мексико.

Јавноста со причина се прашува дали советникот на премиерот воопшто ќе се врати во Македонија, бидејќи истото се случи и со директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев.

Тогаш, обвинителката Вилма Рускоска покрена истрага за директорот на ФЗО, откако на него му се губи секаква трага. Таа на новинарско прашање каде е Дончев, изјави дека појма немала дали е тој во Македонија, но дека има истрага за него.

Дури и екс пратеникот Павле Богоевски изрази загрижување околу случајот Рашковски. Тој вчера на медиум изјави дека очигледно е и по други случаи дека постои сериозен проблем со обезбедување на присуство на осомничените во постапките, особено во случаите со висока корупција.

-Не очекувам дека Рашковски ќе го прекине 14-дневниот одмор за да се врати, но се надевам. За очекување не би сакал да преудицирам, но се надевам дека што е можно побргу ќе се врати и да биде расположлив на органите на правдата, рече тој.

Не би било толку сомнително, доколку за претходната афера со радарските системи, ОЈО под жесток притисок од јавноста покрена предмет за тој случај и потоа од непознати причини одлучи да не го гони.

Јавноста се прашува дали и овој пат истото ќе се случи или дури и полошо- Рашковски воопшто да не се врати од одморот во Мексико.

Коронавирус