петок, 4. декември 2020. Вести денес: 155
home Вести

Ќе се осмели ли Александрова да се сретне со Соколов и со луѓето кои ја изгласаа?

Ќе се осмели ли Александрова да се сретне со Соколов и со луѓето кои ја изгласаа?

Независната пратеничка Емилија Александрова одговори на фејсбук статусот на Иван Соколов од ВМРО-ДПМНЕ, кој вели дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев требало да и каже „дека употребените чевли први се фрлаат во канта за отпадоци“, а „нејзината употребна вредност завршува“.

– А потоа ќе си продолжиш да шеташ низ Берово со главата во земја, вели Соколов.

Она од коешто нормалниот се срами, ненормалниот се гордее. Емилија, ти и другите 7 твои соборци – платеници како и…

Gepostet von Ivan Sokolov am Montag, 4. Mai 2020

Ова доаѓа откако независната пратеничка претходно соопшти декалидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски не сака избори, затоа што ќе ги изгуби поради лошите одлуки и немање став на неколку луѓе. „Тој сака власт, ама без да преземе одговорност“, вели таа.

Александрова го нарекува поразениот градоначалник на Делчево, Соколов „губитник кој зборува за народна волја“.

„Гледам те нашле да објавуваш текстови за да се чувствуваш значајно, и баш ми е жал. Сепак, бидејќи јас ги почитувам и поразените, и излажаните, и заблудените одлучив да ти одговарам на статусите.

Си заборавил да го прочиташ статутот на ВМРО ДПМНЕ, најверојатно бидејќи си шетал по партии со желба за привилегии носен од искуството со службите кои беа против независната мисла. Сигурно е тешко да се живее со тоа чувство. Кога си бил искрен? Тогаш или сега? Или никогаш?

Иван, ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и е партија која е за членство во НАТО и ЕУ. Горда сум што мојот глас е дел од успешната македонска приказна.
Партијата ниту сум ја нападнала, ниту ќе ја нападнам, но ти Иван си еден човек кој не ја сфаќа разликата меѓу некој кој е претседател и партијата. Партијата не е претседателот туку луѓето кои ја избрале поради одредбата за напредок и национално единство. Резултатите на изборите ќе покажат кој бил во право, дали јас или ти.

Јас, со гордо крената глава и чиста совест сум среќна дека помогнав да се остварат соништата на нашите граѓани да тргнеме по евроатлантскиот пат. Знам дека знаеш колку многу членови се согласни со ова, но ти си решил да одработуваш и бидеш губитник уште еднаш. Те поканувам на кафе во Берово, дојди да видиш како луѓето ги ценат храбрите. Можеби така и ти еден ден ќе бидеш победник

Коронавирус