понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 149
home Вести

Ќе се менува Законот за здравствена заштита, приватните болници ќе добијат ограничување за цените

Ќе се менува Законот за здравствена заштита, приватните болници ќе добијат ограничување за цените

Министерот за здравство Венко Филипче најави измена на Законот за здравствена заштита, за што денеска се донесе одлука на ГГКШ, а предлогот на Законот веќе утре ќе се стави на седница на Влада.

-Денеска на Главниот координативен Кризен штаб се дискутираа повеќе работи во однос на менаџирањето на болниците, во однос на менаџирањето на вакцинацијата и целокупниот процес и во таа смисла би сакал да соопштам уште два важни заклучоци. Прво дека се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства за времетраење на кризата или вонредна состојба а што се однесува конкретно за лекување на ковид пациенти. Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза има потреба да се користи тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на Владата ќе и го поднесеме предлог измена на Законот за здравствена заштита, изјави Филипче.

Коронавирус