петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 138
home Вести

Ќе се испитува дали вработените на Нефрологија имаат од британскиот сој на коронавирус, се заразиле 29 лица за два дена

Ќе се испитува дали вработените на Нефрологија имаат од британскиот сој на коронавирус, се заразиле 29 лица за два дена

Лабораторијата на МАНУ утврдува дали медицинскиот тим на Клиниката за нефрологија е заболен од британскиот сој на коронавирусот. Надлежните не ја исклучуваат оваа можност бидејќи 29 здравствени работници заболеле во исклучително кус временски период во кој не работеле во Ковид центарот туку во т.н. „зелена зона“ и не биле во иста смена, анализира Телма.

-Токму затоа во изминативе три дена повторно им се земени брисови кои се доставени во лабораторијата на МАНУ каде ќе се прави секвенционирање кое треба да потврди дали тие заболеле од британската мутација на вирусот. Истовремно во МАНУ, по случаен избор, ќе се прави и секвенционирање на позитивните тестови кои кај нив се испраќаат од лабораториите низ целата држава,  пренесе телевизијата.

Заразена е и директорката Ирена Бушлетиќ.

ЕУРО 2020

Македонија