недела, 9. август 2020. Вести денес: 38
home Вести

Ќе покрене ли ЈО кривична постапка против Дамјан Манчевски за ширење на лажни вести во врска со пандемијата?

Ќе покрене ли ЈО кривична постапка против Дамјан Манчевски за ширење на лажни вести во врска со пандемијата?

Дали Јавното обвинителство ќе покрене кривична постапка против министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за ширење на лажни вести во врска со пандемијата?

Дали во паника Владата шири лажни вести? Министерот  Манчевски фатен во обид да лиферува фејк информации.

Бројките на владиниот сајт koronavirus.gov.mk експресно го демантираа министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски кој денеска во гостување на една телевизија во обид да го обвини неговиот политички противник, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери.

-Оваа Влада добро се справи со Ковид 19, а секако дека клучно ни беше дневното информирање кое го правеа здравствените работници, а клучна улога одиграа и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат. Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР – конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува. А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции, рече Манчевски.

Со оглед на тоа дека муслимани има во многу градови, податокот за ифтарските вечери не можеме да го провериме, но литијата во Струга беше локализирана само во градот на Црн Дрим, па лесно може да се проверат податоците.

Имено, на владиниот сајт koronavirus.gov.mk може лесно да се забележи дека во овој момент, во целиот регион на Струга има само 5 активни случаи на пациенти кај кои сѐ уште е присутен вирусот. Од друга страна, литијата се одржа на 7 мај, значи пред 14 дена, а до сега, инкубацијата веќе би требало да е помината, па доколку се правеа тестови, до сега веројатно ќе имаше повеќе од 5 случаи.

Ова е класично ширење на лажни вести и креирање на неоснована паника, па министерот според закон треба да одговара.

Сајтот vistinomer пред два месеци има објавено истражување направено по пребарување по Кривичниот законик, каде јасно се наведува дека граѓаните или медиумите што шират лажни вести поврзани со вирусот „Ковид 19“ можат да добијат од парична казна до затвор помеѓу една и пет години. Меѓу граѓаните, секако, е и Дамјан Манчевски, чии изјави треба да бидат уште посериозно сфатени бидејќи тој е владин министер.

-Граѓаните и медиумите би можеле да добијат кривични пријави поврзани со невистини за „Ковид 19“, т.е. ширење лажни вести врз основа на постојни членови во Кривичниот законик (КЗ) на Република Македонија.

И претходниот, но особено дополнетиот Кривичен законик од 2018 година, има неколку членови по кои може да се постапува во ваков случај.

Во Глава 21 од КЗ, означена како Кривични дела против здравјето на луѓето, полицијата го има на расплагање на пример, Член 205 став 5 од КЗ, во кој се наведува:

Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеца.

Но, полицијата би можела да се повика и на друг член, кој е насловен во КЗ како ширење на расистички и ксенофобичен материјали по пат на компјутерски систем. Иако, се чини не е поврзано со општото здравје, ако се погледне членот може да се најде врската – ширење ксенофобија кон лица поради нивната здравствена состојба. Во првиот став од Членот 394 г се наведува:

(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Под компјутерски систем секако спаѓаат и социјалните медиуми. Но, доколку таквите вести бидат проширени од другите средства за јавно информирање, важи истата казна и тоа е ставено во ставот два:

(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.

 

Коронавирус