сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ќе одговара ли Заев затоа што со исечената бомба за Нешковски изманипулира илјадници граѓани и предизвика нереди со повредени лица?

Ќе одговара ли Заев затоа што со исечената бомба за Нешковски изманипулира илјадници граѓани и предизвика нереди со повредени лица?

Откако Шеќерим Ахмети попознат како Ел Чека објави аудио разговор помеѓу Никола Груевски и Гордана Јанкуловска во врска со загинувањето на Мартин Нешковски во 2011 година, во јавноста настана голема бура. Имено новата „бомба“ која ја објави Ел Чека трае над 12 минути и покажа дека Зоран Заев искористил само 3 минути во 2015 година од истиот разговор и истиот го ставил во манипулативен контекст.

Ова ново светло кое што Ел Чека го фрли врз случајот ја огорчи јавноста која сега бара одговорност од Заев за лагите и манипулациите кои ги изнесувал користејќи сечени и монтирани разговори пред 4 години.

-Не заборавајте дека заради Заевата „бомба“ за Нешковски, која е така составена да остави сосема поинаков впечаток за вмешаност на Груевски во целата работа (тој разговор е единствен кој Груевски го поврзува со случајот), а сега ја слушаме вистината, се случија страшните немири на 5 мај во кои имаше повредени десетици полицајци! Ако сакаме да изградиме правна држава, Заев во слободна Македонија за ова мора да одговара! Тој точно знаејќи што ќе се случи манипулираше со народот, спремен дури и да ги жртвува во протестите само за да дојде на власт!, напиша Роберт Милески кој учествуваше и во протестите против владата на Груевски во 2015 и 2016 година.

Дека јавноста беше свесно изманипулирана и беа злоупотребени нејзините емоции посочува и професорката Билјана Ванковска.

-Ми се згади кога масата почна да скандира “убијци, полициска држава” (подоцна следуваше онаа морбидна сцена со торта во облик на починатото тело на Мартин). Ми се згадија и си заминав зошто видов луѓе жедни за власт, а не за правда или процедури. Кога во 2015 ги пуштија наменски разговорите за Мартин, знаев што следува и не ми падна напамет да протестирам. Жал ми беше што не само покојниот, туку и семејството му го злоупотребија за да иницираат “револуција”. Колку шарена, платена, толку и некрофилна беше целата таа фарса…- напиша и професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил.

Измамени и изманипулирани се чуствуваат голем број од учесниците на шарената револуција, чија основа се темелеше токму на разговорите кои противправно ги објавуваше Зоран Заев, а за кои сега постојат индиции дека биле сечени, лепени и монтирани.

-Бев дел од протестите на 5 Мај, после објавената бомба за Мартин Нешкоски. Сега кога ја слушнав целата содржина од тој разговор на Грујо и Горде, можам да кажам дека се осеќам изманипулиран и излажан. Многу е лесно но и многу е нечовечки играњето со човечките емоции…Колку крв ли се пролеа тој ден на улиците со одбран дел од снимка која никого не остава рамнодушен!!!!!??? Над 60 полицајци по болниците и над 100 уапсени по станиците. Само едно ќе кажам. Господ гледа! Мартин има родители облечени во црни! Срам да ви е и арам. Пицеријата на Мефи како? Немате душа!!!- беше објавено на влијателниот Фејсбук профил под псевдонимот Приказни од Булеварот, кој долг период беше критичар на владата на Груевски.

Граѓаните се погласно коментираат дека голема е веројатноста и овие и други разговори кои Заев ги објавуваше како наводна Вистина за Македонија биле сечени, лепени и монтирани.

Груевски и Владата во периодот кога беа објавувани разговорите вклучително и овој за смртта на Мартин Нешковски говореа дека разговорите се ставани во манипулативен контекст, но јавноста тогаш беше премногу наелектризирана. Дури и фактот што лицето кое беше уапсено за убиството на Нешковски, Игор Спасов беше приведен судски гонет и осуден на 14 години затвор, не го менуваше мнението кое го креираше Заев дека постоел обид за прикривање на убиство. Се до пред некој ден кога Ел чека не објави бомба во целост за овој случај која покажа дека Вистината на Заев била обична манипулација со чуствата на граѓаните со цел да се дојде до власт.

Дента кога беше објавена оваа скратена бомба и ставена во манипулативен контекст почнаа протести на граѓани пред Влада кои завршија со насилство во кое учествуваа хулигани блиски до СДСМ. Во судирот со полицијата тие повредија триесетина полицајци со бехатон плочки, железни шипки и запалени контејнери. Медиумите како што известуваа тогаш присутна на настанот беше тогашната заменичка претседател на СДСМ Радмила Шекеринска која по доаѓањето на власт стана министер за одбрана и таа лично координирала што и како ќе се одвива во текот на протестите ба 5 мај 2015 година. На овие протести потоа се надоврза судирот со терористите во Диво Насеље во Куманово на 7 мај, но истиот протест беше основата на која потоа настана тн. Шарена Револуција.

Власта денес се обидува овој скандал да го релативизира и да се правда дека тие имале само аудио разговор од 3 минути, но тоа отвора нови прашања и сомнежи кои повторно се врзуваат со Заев, Верушевски и други блиски до СДСМ и актуелната власт.

Да биде апсурдот уште поголем јавноста виде како премиерот Заев при посета на КПД Идризово лично се поздрави со убиецот на Нешковски Игор Спасов, а медиумите известуваа дека во мај месец оваа 2019 година истиот тој Спасов бил виден слободен во кафуле на улицата Партизанска. Затворските служби веќе еднаш го пуштија на слобода во јуни 2018 година и се правдаа дека го пуштиле на лекување и јавноста. За сега не знае дали Игор Спасов се вратил на отслужување на затворската казна од 14 години која му беше во експресна постапка изречена уште во јануари 2012 година.

Дали бомбите на Заев беа манипулација и фарса времето ќе покаже или пак некоја нова бомба на Ел Чека кој во отворено писмо до Заев му порача:

„Слушнав дека Зоран Заев ќе побара од САД да ме апсат бидејќи им ги вадам на виделина нивните нивните злосторства и криминали кои ги имаат направено овие главните во државата кои се од глава до пета криминализирани. Зајче, кога ќе му се јавиш на Трамп осигурај се дека ќе биде тој, да не испадне после да ти кренат слусалка оние руските комичари.“

Коронавирус