четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

ЌЕ ИМА ЛИ ОДГОВОРНОСТ: Додека Филипче вика отворени се вратите за медиумите, директорот на прилепската болница ги брка

ЌЕ ИМА ЛИ ОДГОВОРНОСТ: Додека Филипче вика отворени се вратите за медиумите, директорот на прилепската болница ги брка

Што крие министерството за здравство од медиумите? Дали двојни аршини постојат во министерството за здравство? Дали министерството за здравство се однесува на различен начин со медиумите? Вчера пуштија соопштение каде што образложуваат дека во ниту една здравствена установа не е забранет пристап на медиуми за видеоснимање и фотографирање.

-Тријажниот центар може да се снима и фотографира од одредена далечина бидејќи овде има пациенти кои чекаат да бидат хоспитализирани, а возила на Брза Помош носат болни во тешка состојба и од таа причина редот мора да се запази како не би се нарушила приватноста на пациентите, но и работата на здравствените работници од една страна и медиумските работници од друга страна. Доколку постои интерес од страна на медиум, за снимање на влезот, внатрешниот дел на КОВИД центар, тријажен центар, хоспитализација на пациенти, или слично ве молиме да се обратите до здравствената институција или Министерството за здравство, како би се организирало снимање или фотографирање, со кое нема да се нарушат правата и приватноста на пациентите, ниту пак да се доведе во ризик здравјето на медиумските работници, истакнаа вчера во соопштение министерството за здравство.

Дали по ова соопштение министерството за здравство ќе го казни директорот на прилепската болница кој пред неколку дена не дозволи на еден медиум да си ја врши својата работа.

Имено, пред неколку дена екипа на телевизија Алфа по поставеното прашање дали Прилеп станува нов Вухан, директорот на прилепската болница д-р Драган Богоески изгуби нерви и целосно ја загуби контролата, па вербално и со висок тон, пред бројни сведоци, се нафрли на екипата. Тој освен што одби да одговори на поставеното прашање, се закани и дека во иднина влезот во болницата за телевизија Алфа, многу лесно може да биде забранет.

„Политички поени да правите од Алфа..Ти реков, повеќе нема тебе да ти давам интервју“, рече д-р Драган Богоески, директор на болницата на екипата на телевизија Алфа.

„Прво да ти кажам нема да ти одговориме на тоа прашање..Друго прашање поставувај..Дали имаш друго…за тоа нема да ти кажеме ништо…Значи тој..Дејан Трајковски лично го знам и му фали штица..Значи на тоа прашање нема да одговориме..ич не го поставувај…“, – со висок тон и крајно нервозно се обрати д-р Драган Богоески.

Инаку, д-р Богоески и пред неколку дена, телефонски ја предупредил телевизија Алфа дека не му се допаѓал начинот на нивното известување и дека заради тоа во иднина ќе престане да дава изјави за телевизија Алфа.

По овој настан очигледно дека соопштението на министерството за здравство не важи за сите.

Во самото соопштение посочуваат дека медиумите може непречено да ги вршат работните задачи без притоа некој да им смета или да ги ограничува во професионалното работење.

„Согласно Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на лични податоци, Министерството за здравство и здравствените установи се должни да го заштитат идентитетот на секој пациент, како и неговата приватност, од таа причина ве молиме при видео или фото известување задолжително да ги почитувате и заштитите идентитетот и приватноста на пациентите“, стои во соопштението на министерство за здравство.

Ако воопшто тоа што го имаат напишано во соопштението се однесува за сите медиуми, би требале да поведат постапка за директорот на прилепската болница, бидејќи тој има попречено работа на телевизиска екипа.

Коронавирус