недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Ќе има ли нови мерки поради ширењето на британскиот сој на коронавирусот? Филипче не ја исклучува можноста

Ќе има ли нови мерки поради ширењето на британскиот сој на коронавирусот? Филипче не ја исклучува можноста

Британскиот сој на вирусот се шири и поради тоа не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, на локално ниво или на територија на цела држава, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Засега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, но ќе направиме дополнителни анализи. Во овој момент се прави анализа на една серија во Лабораторијата во МАНУ. Резултатите ги очекуваме следната недела и треба да дадат одговор и на зголемниот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена. Да продолжиме со почитување на мерките, апелирам да се придржуваме до нив во целост, напиша Филипче на Фејсбук.

Коронавирус