вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 55
home Вести

Ќе има и графа за етничка припадност – предлог законот за попис доби „зелено светло“

Ќе има и графа за етничка припадност – предлог законот за попис доби „зелено светло“

Предлог – законот за попис на населението е доставен до Владата. Новоста во овој закон е дека содржи графа за етничка припадност, нешто што беше ставено под знак прашалник од страна на Државниот завод за статистика, пренесува ТВ 21.

Но , универзитетскиот професор Изет Зеќири не се согласува со еден сегмент од пописот на населението кога станува збор за дијаспората, односно за само – попишување на иселениците.

„Дијаспората нема да може да се самопопишува, а доколку биде така, оваа бројка ќе биде многу мала и симболична. Ова има шанси да заврши како избори на дијаспората кои што врз основа на изборниот законик, пријавите за гласање биле симболични, каде од десетици илјади со право на глас, се пријавиле неколку стотици за гласање“, изјави Изет Зеќири – универзитетски професор.

Пописот се очекува да се спроведе од 1 до 21 април 2020 година. По разгледувањето, Владата треба да го усвои и потоа да го испрати во Собрание, каде пратениците ќе можат да поднесуваат амандмани за корекција. Последниот попис на населението беше реализиран во 2002 година кој беше проследен со бројни дебати во врска со процентот на населението во земјава од етничка гледна точка. Од тогаш се поминати 17 години, по што разни институции истакнаа дека неспроведувањето на пописот на населението им предизвикало бројни проблеми во однос на планирањето на економските политики, образованието и социјалата. Ова предизвика и бројни проблеми на изборниот список во текот на повеќе изборни циклуси. Пописот во 2011 беше прекинат на последниот ден од неговото спроведување, за што СЈО отвори и истражна постапка.