среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Вести

Ќе им се суди на Боки 13, Катица Јанева и Зоки Кичеец, а тие немаат право на жалба- Судот го прифати обвинението за „Рекет“

Ќе им се суди на Боки 13, Катица Јанева и Зоки Кичеец, а тие немаат право на жалба- Судот го прифати обвинението за „Рекет“

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје денеска го прифати обвинението за случајот „ Рекет“, отфрлајќи ги приговорите на Бојан Јовановски- Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски- Зоки Кичеец.

-Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по
приговорите на обвинителниот акт поднесени од Б.Ј., К.Ј. и З.М., на не јавна седница одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решени со кое: Приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Против ова решение, како што е наведено во соопштението, согласно одредбите до ЗКП, не се дозволува право на жалба.

-Отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, стои во соопштението од Судот.