петок, 30. септември 2022. Вести денес: 178
home Вести

Ќе го сменат името на автопатот, но таму веќе нема да возат автобусите од Скопје до Солун

Едноставно - нема веќе автобуска линија од Скопје до Солун и обратно.  Од таму велат дека имало некои проблеми со некои нови барања од Министерството за транспорт и најмалку во наредните 15 до 30 дена линијата ќе биде во прекин, пренесе порталот.
Ќе го сменат името на автопатот, но таму веќе нема да возат автобусите од Скопје до Солун

Со редовната автобуска линија Скопје-Солун-Скопје вечерва се враќаат последните 8 патници. Вечерва не вози автобусот, туку комбе. Оние кои планираа да се вратат на истиот начин, ќе мора да се снаоѓаат да се вратат не некој друг начин. Од денеска „Македонија сообраќај” не продава веќе билети за Солун. Тоа веќе не го прави и нивниот партнер, грчката транспортна компанија „Симеонидистурс” – не продаваат билети за автобус од Солун за Скопје, објави порталот МКД.МК.

Последниве неколку години, поради разни бирократски прописи, патниците на релацијата Скопје-Солун – Скопје се симнуваа од автобусот на македонската страна од граничниот премин кај Гевгелија и на грчка страна од преминот влегуваа во друг автобус. И тоа така функционираше веќе со години.

(Фото МКД.МК)

Од „Македонија сообраќај“ неофицијално информираат дека од денеска веќе не се прави ни тоа. Едноставно – нема веќе автобуска линија од Скопје до Солун и обратно.  Од таму велат дека имало некои проблеми со некои нови барања од Министерството за транспорт и најмалку во наредните 15 до 30 дена линијата ќе биде во прекин, пренесе порталот.

Викендов тешко е да се обезбеди официјална инфомација за ова, па ќе мора да почекаме до понеделник.

Коронавирус