вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 179
home Вести

Ќе добијат ли македонските студенти по 100 евра стипендија?

Ќе добијат ли македонските студенти по 100 евра стипендија?

Еднократна социјална стипендија во износ од 6.000 денари да се воведе за сите студенти засегнати од финансиската криза, но и да се доделат електронски уреди за оние студенти на кои им се потребни за да можат да следат онлајн-настава – ова се дел од мерките што денеска ги побара Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (УСС), објавува Факултети.мк.

Според претседателот на УСС, Борјан Ефтимов, овие мерки ќе им помогнат на студентите што директно се засегнати од кризата поради вонредната состојба.

Оваа мерка би значела за семејствата кои одржуваат студенти и имаат приходи помали од просечните приходи, односно помалку од 14.000 денари.

– Вонредната еднократна социјална стипендија треба да биде во износ од 6.000 денари за да ги задоволи минимум потребите на студентите во следните неколку месеци. Покрената е и иницијатива за прибирање податоци за студенти што не располагаат со уреди за следење на наставата и бараат донатор кој ќе ги обезбеди тие уреди. Апелираме до сите општествено одговорни компании кои ќе ги исконтактираме да одговорат на повикот и да им донираат на студентите електронски уреди за следење на наставата – вели Ефтимов.

За сите семејства што останале без работа во април, УСС бара да бидат исто така вметнати со уште една вонредна социјална стипендија исклучиво за овие семејства на студенти.

– Бараме МОН да ја имплементира оваа стипендија и студентите да се пријавуваат за да можат да добијат едно од двете, дали за исклучително ниски примања или за студенти чии родители останале без работа. Дополнително ќе се фокусираме и на долгорочни мерки и повикуваме на социјален дијалог меѓу институциите, студентите, да разгледаме заедно кои се мерките што би ги опфатиле понатаму од септември, додаде Ефтимов.

ЕУРО 2020

Македонија