вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ќе добие ли Артан Груби кривична пријава за кршење на мерките?

Ќе добие ли Артан Груби кривична пријава за кршење на мерките?

Секојдневно сме сведоци на пропишани казни кои им се пишуваат на граѓаните за непочитување на мерките. Несомнено, во време на пандемија кога многумина останаа без работа и без основни приходи, власта удри по џебот на граѓаните. Но што е со претставниците на власта?

Секаде и секогаш ги слушаме функционерите на власта како препорачуваат и апелираат на почитување на здравствените мерки, но дали тие ги почитуваат истите мерки?!

Имено на социјалната мрежа Инстаграм, се појави „Инстаграм стори“ односно фотографија на која е фотографиран и Артан Груби на маса во друштво на 7 луѓе, а сите знаеме дека моментално е забрането на една маса да седат повеќе од 4 луѓе.

Се поставува прашањето дали ќе се поднесе кривична пријава против вицепремиерот? Дали ќе се „удри“ и по џебот на Груби? Дали мерките важат и за владините функционери?

ЕУРО 2020

Македонија