сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ќе бекне ли нешто Шилегов за пробугарските ставови на Заев?

Ќе бекне ли нешто Шилегов за пробугарските ставови на Заев?

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, обично е многу гласен кога треба да нападне некој негов неистомисленик или да тера кампања во име на партијата која го стави на оваа функција.

Шилегов не бира средства кога треба да изнесе свој став, да направи себепромоција дури и кога ништо не е сработено, да критикува или да пофали нешто кое нему му е од полза.

Но, градоначалникот и екс-портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, како да онеме и оглуве по скандалозното однесување на партискиот лидер Заев кој на очиглед на јавноста почна да ја погазува македонската историја за да им се додворува на “добрите соседи“. Договорот кој го потпиша го промовираше како Договор за добрососедство, но од тоа гледаме само бесрамно понижување на македонскиот народ.

За тема со Бугарија, Шилегов се огласи пред 8 дена и имаше што да порача, покажа свој став и даде своја оценка за состојбите.

Три дена по скандалозното интервју на неговиот партиски лидер, од Шилегов ни трага – ни глас.

„Позицијата на Бугарија е непринципиелна и е надвор од принципите на функционирање на ЕУ и како таква не може да опстои подолго. Сме имале и потешки моменти и ова го гледам како една епизода од заокружувањето на целосната извесна иднина и стабилна иднина на Република Македонија, истакна Шилегов во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, на 20-ти овој месец.

Според него, ако имате јасна позиција на главните луѓе во процесот за преговори, тогаш не ни треба декларација.

-Бугарите сметаат дека на 13-ти Ноември ние сме славеле нешто поврзано со Тито. Тие сакаат да го премолчиме делот во историјата каде што е јасно дека царска Бугарија за време на Втората светска војна била соработник на нацистичка Германија. Тоа за мене е непринципиелна позиција, посочи Шилегов

Според неговите ставови кажани пред 8 дена, позициите што си ги постави Бугарија се неприменливи и надвор од сите рамки на меѓународното право.

-Во изминатите денови во Бугарија се искажуваа позиции кои се исклучиво навредливи за македонскиот народ. Ослободувањето на Скопје е круна на борбата на македонскиот народ за своја самостојна држава. Нелигитимно е тие на свој начин да наметнат сила на другата страна. Ниеден Бугарин нема право да наметне нешто на Македонија, додаде Шилегов.

Ќе бекне ли нешто Шилегов за пробугарските ставови на Заев? Или наложено му е дека мора да молчи?

Најнови вести

Коронавирус