сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 70
home Вести

Кировски го избриша статусот во кој ги критикуваше Филипче и Караџовски: Кој му изврши притисок на директорот на „Телма“?

Кировски го избриша статусот во кој ги критикуваше Филипче и Караџовски: Кој му изврши притисок на директорот на „Телма“?

Кратко време откако на социјалните мрежи го критикуваше односот на Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски кон новинарите, директорот на Телма, Атанас Кировски го избриша постот од својот профил, што го поставува прашањето дали некој од власта извршил притисок врз директорот за да го тргне постот во којшто ги критикува здравствените власти, прашува „Република“.

Да биде уште посимптоматично, во првичната верзија на објавата на Кировски, освен Караџовски беше спомнат и министерот за здравство, Венко Филипче.

Од оваа објава на Кировски, за брзо време го снема презимето на министерот, со што првата реченица доби облик: Со навредливиот, потценувачки и манипулативен однос кон медиумите и новинарите, Караџовски единствено што ќе постигнат е да создаде моќни непријатели.

Кратко време потоа целата објава ја снема од Фејсбукот на Кировски.

Коронавирус