сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 48
home Вести

Кирацовски бара обвинителството да го испита секој што се фотографирал со Боки и Катица

Кирацовски бара обвинителството да го испита секој што се фотографирал со Боки и Катица

Истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно, но не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети, побара пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски.

„Кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите. Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста. Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи“, порача Кирацовски.

Според него, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и воедно, како што вели, претставува е шанса преку него да се врати довербата во институциите и правосудниот систем.