петок, 14. август 2020. Вести денес: 39
home Вести

„Кино утро“ за најмладите во Кинотека

„Кино утро“ за најмладите во Кинотека

Кинотеката на Македонија и овој зимски распуст за најмладите ќе ја организира филмската програма „Кино утро“ од денеска до 20 јануари.

Ќе почне со филмот „Мравко“ – приказна за 12-годишниот Пеле кој откако е каснат од мравка добива моќ и се претвора во суперхерој Мравко. Филмот е синхронизиран на македонски и ќе биде прикажан и на 15 јануари. Почетокот е во 12 часот.

Утре и на 16 јануари на програмата е анимираниот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11-ти и 17 јануари – „Малите виленици Пикси“, на 12-ти и 18 јануари – „Мармадјук“ и на 13-ти и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“.

Коронавирус